Семинари, работилници
Сите Семинари Квантна Трансформација се всушност искуствени работилници, бидејќи методата се учи со проаѓање низ сопственото искуство.
QT – Информативна вечер-бесплатно
На инфо-вечерта можете да ги доживеете и искусите квантните бранови. секој може да избере некоја своја тема( проблем), кој се разбира немора да го каже пред групата и може да види и осети како се случува трансформацијата. Секој/секоја од учесниците/учесничките лично добива квантни бранови, ас истовремено и целата група ужива во нивното исцелувачко дејство.
Семинар QT – Ниво 1:
- Што е чиста свесност и начин на нејзината примена, практични вежби
- Објаснување на Квантните бранови
- Како Квантните бранови ги применуваат Dr. Richard Bartlett, Dr. Frank Kinslow и Andrew Blake
- Практична примена во сите области на животот: здравје, пари, работа, емотивни врски
- Примена на квантните бранови на телесно, ментално, емоционално и спиритуално ниво
- Скенирање на телото и урамнотежување на енергиите во организмот
- Примена на себе
- Примена на други
- Примена на далечина
Семинар QT - Ниво 2:
- Ослободување од влијанието на оптоварувачки содржини од минатото
- Чистење на трауми од пренаталниот период
- Чистење на кармичките записи, што е особено битно за здравствената состојба
- Чистење на телото и аурата
- Комбинација на Методата -две-точки со други енергетски исцелителни техники
- Зголемување на самопочитувањето и сигурноста во себе
- Отклонување на стравови и блокади за реализација на сопствените потенцијали
- Поврзување со универзалната свест на „благосостојба“ , т.е. излегување од „сиротинска свесност“, што се однесува на сите аспекти на животот
Семинарите Квантна Трансформација - Ниво1 i Квантна Трансформација - Ниво 2 обично се одржуваат во викенд, т.е два дена, така што првиот ден е Ниво 1, а вториот ден е Ниво 2. Може да се посети и само Ниво 1, а за посета на Ниво 2 предуслов е посетата на Ниво 1.
Сите учесници и учеснички добиваат сертификат за завршеното Ниво или Нивоа. Исто така, сите од учесниците добиваат скрипта со објаснување на сите вежби кои се работат на семинарот.
Во сабота и недела семинарот се одвива од 10h-18h, со пауза за ручек
Со завршување на Ниво1 и Ниво 2 можете да ја применувате оваа метода на себе и на други за решавање на проблеми од сите области.
За обновување на семинарот QT Ниво 1 и QT Ниво 2 се плаќа половина од цената. Обновување на сите останати семинари е бесплатно.
Квантна Трансформација – Интензивен семинар:
- Ослободување од енергетската врзаност за случки, луѓе и објекти
- Развивање на интуицијата и креативноста
- Примена на Методата 2-Точки без употреба на рацете
- Ослободување од чувството на кривица и грижа на совест
- Освестување и трансформација на подсвесните програми и животни сценарија
- Комбинација на Методата 2-Точки со Семеен поредок по Берт Хелингер
- Продлабочување на работата на конкретни теми:
› Здравје › Односи, Љубов, Секс › Работа › Пари
Овој семинар може да биде посебно корисен на сите оние кои веќе се бават со терапевтска работа, затоа што ја овозможува примената на оваа метода без употреба на рацете. Тој начин на работа можат да го користат сите кои кои во својата работа користат говорни техники, како на пример советување, коучинг, психотерапија.
QT Интензив е викенд семинар, сабота и недела од 9h-18h.
QT- Практичар:
На овој семинар се оди уште подлабоко во личното искуство, каде што со многу моќнитехникисе се допираат уште подлабоки сфери на Матрицата. Посебно внимание се поклонува на вежбите за отклонување на бесот, стравот и кривицата. Се обработуваат сеуште отворените лични теми и се даваат сугестии за нивното надминување. Се работи во групи, каде што се сменуваат улогите на практичарот и клиентот, а потоа секој добива фидбек за својата работа. Се даваат инструкции за самостојна работа со клиенти, за самопромоција и саморекламирање. Секој од завршените QT- Практичари добива Сертификат и влегува во листата на QT- Практичари, која се објавувана вебстраната Квантна Трансформација. Промоцијата на името на вебстраната е бесплатно. Семинарот е погоден не само за оние кои професионално сакаат да се занимаваат со оваа метода, туку и за сите кои имаат хронични проблеми во било која област од животот.
Семинарот трае 3 дена, петок, сабота и недела, од 9-18h.
QT-Tренер:
На овој семинар се учи како да се применуваат квантните бранови на група, т.е. како да се работи со единственото поле на групата. Низ практично искуство се учи презентација пред група, така да секој учесник/ секоја учесничка ќе има можност да ја вежба својата презентација пред група, за што ќе добие фидбек. Се користат и интензивни вежби за отклонување на стравови и други негативни емоции, кои стојат на патот на остварување на целите. Секој од завршените QT-Тренери добива Сертификат и влегува во листата на QT-Тренери, која се објавува на вебстраната Квантна Трансформација. Промоција на името на вебстраната е бесплатна. Семинарот е погоден не само за оние кои што професионално сакаат да се бават со оваа метода, туку и за сите кои имаат хронични проблеми во било која област на животот.
Семинарот трае 5 дена.
Препораѓање (Rebirthing) со квантни бранови
Постепено се влегува во техниката на препораѓање (Rebirthing). Покрај теоретскиот дел застапени се и медитативни техники, музика, како и креативно изразување. Детално се објаснува техниката на препораѓање и сите учесници/учеснички проаѓаат низ три сеанси на препораѓање. Секое препораѓање трае од еден до два саати. Додека сите учесници работат препораѓање, секој поединачно од мене добива квантни бранови, а исто така и целата група добива квантни бранови, што го забрзува и продлабочува процесот.Посебно влијание се обрнува на интеграција на доживеаното. Повеќе за оваа техника можете да видите во рубриката Методи/Препораѓање.
Холотропно дишење со квантни бранови
Покрај теоретското објаснување на техниката на Холотропното дишење, застапени се две сеанси на Холотропно дишење, при што улогите на „истражувач“, т.е оној кој дише и неговиот „партнер“, т.е оној кој го прати подржува во сеансата наизменично се сменуваат. Покрај овие, застапени се техники на медитација, музика и танц. Сите учесници и учеснички добиваат во текот на дишенјето квантни бранови, што го забрѕува и продлабочува процесот. Повеќе за техниката Холотропно дишење можете да видите во рубриката Методи/ Холотропно дишење.
Комуникација
Се пружа можноста за подобрување на комуникацијата со самите себе, како и со блиските особи. Сржта на многу проблеми лежи во незавршените комуникациони циклуси посебно со блиски особи. Голем дел на нашето внимание во секојдневието оди на размислувања: „да, тоа требаше да му/ѝ кажам“, „не, не никогаш тоа нема да му го кажам“, или пак „кога само би сакал да ме чуе, би му рекла...“ Било да сме за тоа свесни или не, тој дел на незавршени комуникации се лепи некаде за нас и може да проузрокува многу проблеми како на емоционално, така и на телесно ниво. А многу пати, сакајќи да ги подобриме нашите односи со другите, забораваме на самите себе, забораваме на комуникацијата со самите себе, ја забораваме нашата права природа. На прашањето: „Дали се сакате себеси? –најголем дел од луѓето ќе одговорат: „Да, се разбира дека се сакам себеси“, но дали е тоа навистина така? Ако навистина се сакаме себеси, зошто имаме малку време за себе, зошто правиме работи кои не ни годат, зошто често „мораме“ да направиме нешто, а всушност не го сакамр тоа...? На оваа работилница застапени се вежби за откривање на нашите вистински потреби. Исто така, се работат вежби со деловите на телото кои се оболени, или пак чувствуваме болки во нив. Се работи и техниката „комуникација со внатрешното дете“, која помага во откривањето на љубовта кон самите себе, ја зголемува самодовербата и сигурноста во себе. А сето тоа се работи со музика, танц, квантни бранови и медитација.
Проблеми и решениjа
Секој од учесниците работи на својот проблем, или проблеми, кои воопшто во групата немора јавно да ги каже. Се добива прилика да проблемот се раѕгледа од сите страни., да се види кои се препреките на патот до неговото решение и што може да се направи со цел на неговото совладување. Но тоа е само почеток на работата на проблемите. Тоа е само делот со кој се бави логичкиот дел на нашиот ум, тоја е оној дел кој раѕмислува, донесува заклучоци и одредува што е за нас добро, а што не. Тоа е само еден дел од нас, а ние сме многу повеќе од тоа. Во понатамошната работа на проблемот се нудат техники кои овоѕможуваат да проблемот се согледа од друга перспектива, а не само од логичкиот дел на нашиот ум. Причините за проблемот можат да лежат во раното детство, пубертетот, во трауматското раѓање, во пренаталниот период , семејната карма, или пак во претходните, т.е паралелните животи. Дали стварно требаме да копаме по причините за проблемот, за да дојдеме до неговото решение?
Со помош на медитација, енергетска работа, квантните бранови и техниките на интегративно дишење се нуди излез од секојдневниот начин на размислување, се оди во подрачја надвор од менталното, во подрачје без мисли и на тој начин се отвараме за нови информации, кои не се последица на долготрајни размислувања и на тој начин стануваме покреативни и поинтуитивни. Често пати решенијата се сосема изненадувачки и неочекувани.
Смисол и цел
Една прикаска:
Една жена лежи во кома. Одеднаш има чувство дека е отидена на небото и додека стои пред небесниот суд, слуша еден глас:
- „Која си ти?“
- „Јас сум сопругата на Перо.“
- „Јас не те прашувам чија си ти сопруга, туку туку која си ти?“- одговори гласот.
- „Јас сум мајка на четири деца“
- „Јас не те прашувам чија си ти мајка, туку која си ти?“
- „Јас сум учителка“
- „Јас не те прашувам која е твојата професија, туку која си ти?“
- И така секој даден одговор не беше задоволувачки.
- „Која си ти?“
- „Јас сум христјанка„
- „Јас не те прашувам на која вера и припаѓаш, туку која си ти?“
- „Јас сум од оние кои одат секој ден во црква и им помагам на сиромашните и болните “
- „Јас не те прашувам што правиш, туку која си ти?
Очигледно, жената не го положила испитот и враѕена е на Земјата. Кога повторно оздравела, си дала себеси задача да открие која е.
Кој/Која сум јас? Која е целта на моето постоење? Тие прашања барем еднаш во животот ни пажаат на памет и со нив се занимаваме на оваа работилница. Со помош на интегративно дишење, медитација, енергетска работа и квантните бранови се дава можност за доживување на проширени состојби на свеста, што пак ни овозможува откривање на на внатрешната мудрост која лежи во секој од нас.
Љубов
Како да се отвори срцето и да се биде исполнет со љубов? Како да се зрачи со униврзална, безусловна љубов? Што всушност значи навистина да се сакаме себеси? Како да се каже „Не“ со љубов и без љутење? Дали навистина можеме да си опростиме себеси и на другите? Што за нас представува љубов, кои се нашите сфаќања и убедувања за љубовта? Многумина имаат свесен или несвесен осет на недоволна саканост, кој ги спречува да го живеат животот со „полни гради“. Како да се ослободиме од сите овие сценариа и да стекнеме поверение во себеи во Универзумот? Овие и слични теми се предмет на оваа работилница. Со медитација, музика, хумор и креативни движења се нуди можност за „бањање“ во исцелителната енергија на љубовта.
Сите работилници се дводневни, т.е. викенд работилници.
Семинарите можете да ги посетите ака што во рубриката „Термини“ можете да го најдете соодветниот семинар. Исто така, за Вас може еден семинар да биде бесплатен, доколку организирате група од најмалку десет особи. Во тој случај јас можам да дојдам во местото на Вашето живеење и да го одржам бараниот семинар. За сите информации можете да ме контактирате најдобро по пат на Е-Mail:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
|