Клиринг ( Комуникативно-контемлативна терапија)
Самиот збор Клиринг, преведен од англиски, значи чистење, прочистување. Клиринг помага во расчистување на мислите и го зголемува јасниот поглед на живот. Со самото тоа се зголемува и свесноста.
Како се работи
Се работи индивидуално или групно. Кога се работи индивидуално, часовите (сесиите) траат од 60 до 90 мин, према договор.
На првата сесија се утврдуваат темите и целите на кои клиентот би сакал да работи. На клиринг сесиите, клиентот со помош на добро поставените прашања и техники самиот доаѓа до целисходни решенија. Целта е да по сопствена проценка подобро го живее животот.
Се користат ментални, емоционални и телесни техники. Често користена техника е процесирање, која со состои од давање на клиентот една те иста инструкција повеќе пати. Тоа е како водена медитација.
Работата во Клирингот е систематизирана и може да се представи во шест нивоа. Првите две нивоа се занимаваат со зголемување на комуникациската способност на клиентот. На второто ниво проблемите се транформираат во проекти, кои со култивизирање на истрајноста и со дисциплина се реализираат „ чекор по чекор „. На третото ниво клиентот се соочува со срамот и чувството на кривица. Клиентот го открива својот придонес во постанокот на проблемот, излегува од улогата на „ жртва „ и развива поголем степен на одговорност за своите постапки. На четвртото ниво клиентот се соочува со своите фиксирани ставови или со своето животно сценарио. Во клирингот, овој аспект на работа е теоретски и оперативно многу добро развиен, така да буквално представува технолошки пробој во полето на психотерапија и тренинг на способностите. Петтото ниво се занимава со емоциите: со обработување на емоционалните трауми од минатото и ги зголемува човековите способности да чувствува и во полна мера да ги доживува како своите така и туѓите емоции.
Работата во Клирингот подлегнува на Етичкиот кодекс што подразбира почитување принципот на професионалоност, како по прашањето на содржините, така и по прашањето на идентитетот на клиентот.
ИСТОРИЈАТ НА КЛИРИНГОТ
Основоположник е Чарлс Бернер - Charles Berner ( 1929-2007 ). Неговота прва професија била физичар, а потоа бил истражувач во областа на Комуникациите и внатрешниот ( личен ) развој. Својот прв институт го отворил 1965 год., а потоа со својата сопруга Ева го развива
Интензивот на Просветлување. 1973 год. Во Индија го сретнува својот учител по име Крипалуананда и понатаму се развива во областа Сахаја (Кундалини Јога и се нарекува Јогешвар Муни. 1983 се настанува во Австралија. Со своите ученици Сканда
(Лоренс Нојс) и Сатја ја развива и понатаму Дијадната школа на Интензивот. Со многу млади фамилии заедно живее и работи
кадешто ги соединува секојдневието со спиритуалитетот. Тежишната точка на Клирингот, која тој ја развива е спиритуелно исполнување низ еден меѓусебен однос.
Повеќе за Клиринг може да видите на:
www.dijada.com
www.nanna-michael.de
|