Deutsch (DE-CH-AT)Serbia Bosnia CroatiaМакедонски (Macedonian)

Соња Симоновска
Дипл. Психолошки советник, Клирерин,
Терапеевт за Интегративно дишење,

Ајурведа Терапевт, Енергетичар


Email: simonovska.sonja@yahoo.com
Мобилен: +43 (0) 699 199 04 026; +389 (0) 78 720 119
Ординација
: Cervantesgasse 5/5, A - 1140 Виена

Добредојдовте!


Јас нудам професионална помош кај психолошки проблеми, во кризни животни ситуации, како и во областа на личниот развој. Користењето на комбинацијата на различните методи, како што се сознанијата на модерната психологија, квантното исцелување, мудроста на старите култури, како и мојата долгогодишна работа на себе и долгогодишната работа со клиенти, ми овозможува индивидуален пристап на секој клиент/клиентка.

Целта на мојата работа е целосен (холистички) пристап, при што се опфатени сите димензии на егзистенцијата: телесното, емоционалното, менталното, социјалното и спиритуалното ниво.

 

Можни теми:

  • проблеми во секојдневниот живот
  • незадоволство со себе и односите со околината
  • чувство на недоволна самодоверба и несигурност
  • проблеми во комуникација
  • избор на партнер/партнерка
  • проблеми во врски (љубовни, брачни)
  • сексуални проблеми
  • семејни проблеми
  • воспитување на децата
  • преодни периоди (пубертет, бременост, климактериум)
  • депресивни состојби
  • стравови
  • трауматски случки
  • жалост и смрт
  • животни кризи
  • зголемен стрес психосоматски пореметувања
  • Burnout
  • промена или губиток на работа
  • професионална ориентација, избор на занимање
  • преструктуирање
  • потрага по смисол
  • истражување и остварување на сопствените потенцијали
  • спиритуален развој


Нудам индивидуална и групна работа, како и работа со парови